Антикорупциска отвори случај против заменик директорот на Агенцијата за разузнавање, кој го постави Силјановска

Шефот на Државната комисија за спречување на корупција (Антикорупциска), Татјана Димитровска, соопшти дека е отворен предмет за пријавата добиена за именување заменик директор на Агенцијата за разузнавање.

„Да, до Антикорупциска се дојдени два случаи, поточно два поднесоци. Едниот се однесува на изборот на заменик директор на Агенцијата за разузнавање“, рече Димитровска.

Таа најави дека за друг случај е отворен предмет, а за двајцата е побарана документација која се анализира и потоа ќе се донесе одлука.

Се подразбира и дека поднесокот е за неисполнување на условите на Ивана Стојановска, која на 28 јуни беше именувана за заменик директор на Агенцијата за разузнавање.