Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, порача дека 89 членови на персоналот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) се убиени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас пред повеќе од еден месец.
„Повеќе хуманитарни работници на ОН се убиени во последните недели отколку во кој било соодветен период во историјата на нашата организација. Се приклучувам на жалоста за нашите 89 колеги од УНРВА кои беа убиени во Појасот Газа, многумина од нив заедно со членовите на нивните семејства“, вели Антонио Гутереш на социјалната мрежа Х (Твитер).
УНРВА соопшти дека досега, покрај загинатите, се ранети и најмалку 26 членови на нивниот персонал.