Антонија (17) изела храна од пазар и доживеала хорор! Бубрезите ѝ откажале, лекарите се борат за живот: Еве со што се заразила (фото)

Мало девојче се бори за живот откако фатило смртоносен вид на ешерихија коли од храна купена на божиќен пазар.

Антонија Хеј , 17, од Бакингемшир, ги помина последните две недели на интензивна нега откако најверојатно се зарази со STEC-HUS, предизвикана од ешерихија коли О157. Се верува дека го добила на пазар во Грејт Мисенден.

Таа имаше повеќе операции – вклучувајќи и една за отстранување на дел од цревата и трансфузија на крв бидејќи бубрезите и’ откажаа, поради што беше принудена да оди на дијализа.

Нејзината постара сестра, Џемима Хеј, започна кампања GoFundMe и напиша: „Таа е среќна што е жива во моментов и продолжи да покажува неверојатна решителност и сила цело ова време, и покрај огромниот стрес, болка и траума – сето тоа во комбинација со екстремна количина на инјекции.”

На Антонија и’ беше дозволено да го помине Божиќ дома со своето семејство, пред да се врати во болница на Боксинг деј поради лекување на бубрезите.

Нејзиниот татко Стив Хеј на Фејсбук напиша:

„Секој кој можеби доживеал симптоми на труење со храна во кој било ресторан, установа или кој било штанд на пазарот во Грејт Мисенден за време на Божиќниот пазар, особено до 25 ноември, ве молам да ме контактирате бидејќи мојата средна ќерка (17) се бори за живот по сериозна бактериска инфекција (ешерихија коли) за која постои сомневање дека ја добила пд храната која ја јадела од споменатиот пазар, но само треба да знаеме дали некој друг бил погоден од некој вид на стомачни проблеми или болест (вклучувајќи грчеви во стомакот или дијареа 1-10 дена по ред). Сите здравствени институции се свесни за овој проблем“.

Антонија е амбициозна и сака еден ден да стане актерка, загрижена е како тоа ќе влијае на остатокот од нејзиниот живот и кариера и се чувствува како да и’ се „уништени соништата“ бидејќи не може да продолжи да го посетува курсот за изведувачки уметности.

Семејството, исто така, во моментов нема приходи, бидејќи нејзиниот татко не е платен за неговото отсуство од работа. Џемима рече: „Секој што ја запознал Антонија ќе знае дека таа е најљубезната, најгрижливата личност и ја осветлува секоја просторија во која ќе влезе.

Ќќ

„И покрај тоа што минува низ најтешкиот период од нејзиниот живот, таа се грижи за сите останати и како се чувствуваат, таа сепак се труди да ги насмее сите.

Според NHS, само мал број луѓе развиваат HUS од овој вид на E.coli. Овој специфичен тип може да го фатите со јадење загадена храна, допирање заразени животни, контакт со други заразени и пиење или пливање во загадена вода.

Страницата GoFundMe сега ја надмина целта од 5.000 фунти за само 24 часа и сега собра повеќе од 8.000 фунти.

Семејството им се заблагодари на сите за нивната великодушност и додаде: „Овие пари неизмерно ќе и’ помогнат со нејзините тековни третмани, закрепнување и трошоци, вклучително и остварување на нејзините актерски соништа“.

Пабот во кој работи Антонија, Britannia in Marlow, го објави следново на својата веб-страница:

„Многумина од вас овде имаа задоволство да се сретнат со неа или да бидат услужени од Антонија. За жал, таа неодамна тешко се разболе, а ние сега сакаме да го направиме нашиот дел и да се грижиме за неа, на ист начин како што таа се грижи за своите колеги и гости откако дојде во Британија. Ако можете да донирате, ве молиме направете го тоа или помогнете ни да ја шириме свеста. Се надеваме дека наскоро ќе оздравиш Антонио“.

Пабот, исто така, беше домаќин на настан за собирање средства на Бадник за да се соберат пари.

Неодамна, 30 Британци се разболеа од E. coli од домашно сирење. Четири од сирењата Ланкашир на г-ѓа Киркам се итно отповикани и добија предупредување „не јаде“ поради стравувањата од контаминација. Сите биле позитивни на специфичен сој наречен 0145, за кој се стравувало дека се крие во сирењето.