Реал Мадрид ја задржа традицијата да го објави својот стартен состав порано од вообичаено, па така на околу два и пол часа пред почетокот на финалето на Лигата на шампионите веќе се јасни стартерите на Карло Анчелоти за пресметката со Борусија Дортмунд на „Вембли“ која започнува во 21:00 часот.
Нема изненадувања во 11-те на Анчелоти. На голот се очекува Тибо Куртоа наместо Андриј Лунин, кој е болен од грип, а е на клупата.
Во одбраната се појавува името на Начо Фернандез, чиј партнер е Антонио Рудигер, а двајцата бекови се Даниел Карвахал и Ферланд Менди.
Триото од средниот ред го сочинуваат Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Тони Крос, за кого ова е последен натпревар на клупско ниво во кариерата.
Напаѓачкиот тандем го сочинуваат Родриго и Винисиус Јуниор, а од бековската позиција на двајцата Бразилци ќе им помогне ѕвездата Џуд Белингам.
Составот на Борусија Дортмунд ќе стане јасен околу 20:00 часот.