Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на крајот од оваа сезона ќе го напушти Реал Мадрид, пренесува Онда Церо, а пренесуваат сите угледни шпански медиуми.
Иако има договор до 2026 година, Анчелоти сака да го затвори поглавјето во редовите на мадридскиот тим на крајот од следната сезона, дури и ако сезоната заврши со титули и доколку клубот инсистира договорот да биде исполнет до крај.
Како еден од главните фаворити за негов наследник се споменува Шпанецот Чаби Алонсо кој врвно си ја врши работа со Баер Леверкузен.
Анчелоти стана најуспешниот тренер во историјата на Реал Мадрид, освојувајќи две Ла Лига, две Лиги на шампиони, Кралскиот куп, европскиот и шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.
Според истиот извор, популарниот Дон Карло не размислува за пензија, туку за продолжување на кариерата во друга земја, но не во Бразил, кој се споменуваше како негова нова дестинација.