– Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е сигурен за својата иднина во „кралскиот клуб“.
Според „ The Athletic“, и покрај јавните изјави за поддршка на италијанскиот стручњак, претседателот Флорентино Перез зборувал понејасно во приватните разговори, што предизвикува неизвесност и иритација кај стручниот штаб.
Анчелоти и неговите помошници велат дека не ги разбираат целосно плановите на клубот и ја опишуваат атмосферата како „чудна“. Тие имаат загриженост и за претстојната трансфер кампања. Се сомневаат дека раководството ќе потроши значителни пари за засилување на позициите кои ги посочи Анчелоти.
Шеесет и тригодишниот тренер со нетрпение очекува клубот да потпише барем со еден напаѓач и да добие одбранбени играчи на двете бочни позиции, или еден играч кој може да игра и лево и десно.