Анџелина Џоли откри дали нејзините деца се заинтересирани за глума: „Добро е да ги охрабриме да работат“

За време на панелот на меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, Анџелина Џоли откри дека мисли дека ниту едно од нејзините деца нема интерес за глума.

Таа објасни дека сака нејзините деца да се чувствуваат како да се дел од актерско семејство, дека нивните родители се креативни и уметници.

,,Tие навистина не се заинтересирани за тоа. Навистина не им се допаѓа славниот дел од него, особено Шајло го мрази”, рекла Џоли.

Сепак, Џоли откри дека нејзините деца имале можност да бидат на филмски сетови со неа.

“Додека присуствуваа на сетовите, некои од нив танцуваа, некои сликаа. Некои сакаат театар, но никој од нив нема претерана желба да биде на екранот”, тврди Џоли.

Таа откри дека нејзините синови Медокс и Пакс работеле како помошни режисери на сетот на филмот „Марија“.

„Добро е да ги охрабриме да работат. Тие беа присутни на сетот на неколку филмови. Пакс се испроба и во фотографијата“, рече таа.