Анџелина Џоли се повлекува од Холивуд!? Во новото интервју таа призна дека ѝ е доста од сè, а од една работа сè уште се опоравува (фото)

Анџелина Џоли нема многу пријатели, како што признава, но секогаш може да смета на своите деца. Во новото интервју за WSJ магазинот откри дека нејзините шест деца – Медокс (22), Пакс (20), Захара (18), Шајло (17) и 15-годишните близнаци Нокс и Вивиен – се нејзините најблиски луѓе додека семејството продолжува да закрепнува по разводот на актерката од Бред Пит.

,,Тие ми се најблиски, тие ми се блиски пријатели. Ние сме седум многу различни луѓе, што е нашата сила. Моравме да се излечиме. Има работи од кои моравме да се опоравиме”, рече Џоли. 

Додека актерката и нејзините деца продолжуваат по трауматичното разделување, Анџелина, како што открива, исто така се потпира на тесно поврзана група пријатели.

„Јас навистина немам… социјален живот. Сфатив дека повеќето од моите најблиски пријатели не можат да бидат постојано со мене. Има причина зошто луѓето кои поминале низ тешкотии се многу поискрени и многу поповрзани, а јас сум поопуштена со нив.Зошто сакам да поминувам време со луѓе кои преживеале повеќе во животот? Тие се соочиле со толку многу во животот а тоа не носи само сила, туку и хуманост“, рече познатата хуманитарка.


Џоли поднесе барање за развод од Пит во 2016 година, набргу откако тој беше обвинет за злоупотреба на ѕвездата и нивните две деца во приватен авион. Како што пишува PageSix, 59-годишниот актер наводно бил вербално и физички агресивен поради „замор“. Тој ги негираше наводите, а ФБИ ги истражи тврдењата, по што одлучија да не покренат кривична пријава.

Пит не е јавно фотографиран со своите деца веќе седум години. Минатиот месец, неговата најстара ќерка Захара навести дека не е во добри односи со ѕвездата од „Вавилон“ со тоа што го исфрли „Пит“ од нејзиното име. 

Синот на Пит, Пакс, како што е веќе сосема јасно, го презира Пит од дното на душата.

Споменатиот магазин вели дека нејзиниот развод направил речиси невозможно да го напушти Лос Анџелес, каде што е родена, израсната и моментално живее, исто како и Пит.

,,Тоа е дел од она што се случи по мојот развод. Ја изгубив способноста да живеам и да патувам слободно како порано. Ќе се преселам кога ќе можам”, рече таа, надевајќи се дека ќе помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.

“Пораснав на прилично тивко место. Холивуд не е здраво место”, рече актерката. 

Како што заклучува Дејли Мејл од ова интервју, 48-годишната Анџелина Џоли посочила дека сака засекогаш да престане да глуми. Родителите на Анџелина, Џон Војт и Марселин Бертранд, беа и самите актери. Откако пораснала со Холивуд, вели таа, никогаш не била импресионирана од тоа.

„Никогаш не мислев на тоа како значајно или важно место“, изјави таа за WSJ магазин, признавајќи дека да започне одново денес, веројатно немаше да го избере актерството за своја професија, поради очекувањето да сподели интимни детали од нејзиниот живот, што природно доаѓа кога си славна личност.

„Кога почнав, не очекував дека сè ќе биде толку јавни”, објасни Џоли.