Поранешниот шпански фудбалер и тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, очигледно на лето наместо Карло Анчелоти ќе го преземе тимот на Реал Мадрид, пренесува познатиот германски новинар Флоријан Петерберг.
Поранешниот шпански репрезентативец се поврзуваше со враќање на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на минатата шампионска сезона, но се чини дека претстојното лето е идеално време за враќање во клубот во кој настапуваше на почетокот на минатата деценија.
И покрај тоа што само крајот на сезоната ќе даде појасна слика за резултатите на Анелоти, убедливите порази од Барселона и Милан веќе ставија прилично дамка на името на трофејниот специјалист, а како совршено решение се нуди Алонсо.
Ниту младиот баскиски стручњак не цвета рози оваа сезона во Леверкузен, што е само сигнал дека неговата мисија во Баер е при крај, па летото 2025 година изгледа идеално за Алонсо и Реал повторно да се вкрстат.