Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ не е задоволен од моменталниот статус во Реал и по 12 сезони би можел да го напушти Мадрид на крајот на сезоната.
Се шпекулира дека Модриќ би можел да се врати во загрепски Динамо за да ја заврши кариерата или евентуално да замине во американската МЛС лига или во Саудиска Арабија.
Сепак, тој план би можел да го расипе тренерот на Реал, Карло Анчелоти. Но, не со понуда на нов договор на Модриќ.
Како што пишува „Атлетик“, Анчелоти му понудил на Модриќ можност да му се приклучи на неговиот тренерски штаб во Реал. Секако, под услов Лука да реши да се повлече од играњето на крајот од сезоната.
Останува да видиме што ќе одлучи Модриќ. Како што сугерираат некои медиуми, Модриќ би сакал да ја одложи конечната одлука. Тој сака да одмори по клупската сезона, а потоа да ја води Хрватска на претстојното Европско првенство во Германија.