Апасиев во трка со Таче и Мицко во првата изборна единица

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својот фб профил објави дека на следните парламентарни избори ќе се кандидира како носител на пратеничката листа во првата изборна единица.

Таче и Мицко ќе се кандидирале у КЕЦОТ. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у КЕЦОТ.

Претходно, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавија дека на следните избори ќе се кандидираат во првата изборна единица.