Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во интервјуто за ,,Слободен печат” истакна дека сега остануваат „марксисти – ленинисти заедно со ДУИ во опозиција“. 
 
– Мислам дека Али направи за првпат сериозна грешка. Досега играше маестрално со нашите недоквакани политичари. Грешката е во тоа што дури 9 од своите пратеници им ги отстапи на коалиционите партнери. Загуби уште еден при прегласувањето. Дел од тие што ги има, ќе бидат купени – потенцираше Апасиев. 
 
Пратеникот Апасиев се осврна конкретно на „пратениците на Али“ кои остануваат во Собрание.
 
– За првпат Али ги стави старите ,,учки – кадри”. Тука се: Муса Џафери, Блерим Беџети, претходниот спикер – сегашен премиер… Тие веќе не ти градат парламентарна кариера. Тие луѓе нема да поднесуваат акти, тие ќе си спијат, ќе доаѓаат само за гласање… Младата екипа негова – младите орлиња му ги нема на пратеничката листа, нема кој да му ја води парламентарната група и тие ќе се изгубат комплетно. Мислам дека стратешки погреши и веќе сфатија дека е пуштен низ вода – додава Апасиев. 
 
Лидерот Апасиев стави акцент и на „оние кои одат во опозиција и на овие кои доаѓаат на власт“. 
 
– Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши – поентираше Апасиев.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица