Лидерот на Левица, Димитар Апасиев не очекува дека ќе се случат предвремени парламентарни избори. На денешниот протест не беше целата опозиција како што треба да биде, не очекувам дека ќе се издејствува нешто, очекувам само репресија вака на дечки од Црвена младина. Само да ги предупредам, си играат со погрешна генерација, нашле црква да се крстат. Секој ден оваа влада тоне, јас не верувам дека ќе има предвремени избори, ќе одат до крај да исцедат се што можат, крадат на мртви, на се што може да се краде, ова ќе станува секојдневие.
Не сме во никаков контакт со НВО и политички партии, ќе видиме од утре, утре има седница на Собрание, имаме канали за комуникација но с ена пониско ниво, не на високо ниво, вели Апасиев во изјава за Инфомакс.