Една од најкористените апликации троши најмногу батерија на мобилниот телефон. Сите го имаме и го користиме секојдневно, а не сме ни свесни за штетните последици.
Економистот од индустријата за мобилни телефони Џон Косиер објави извештај во кој открива дека со бришење на само една апликација, можете да го удвоите траењето на батеријата.
Ова „откритие“ го направил користејќи „Ајфон“ на „Епл“, кој требаше да има доволно силна батерија за да издржи цел ден. Но, на негово разочарување, тој набрзо открил дека Facebook, од сите апликации, всушност е одговорен за празнење на поголемиот дел од батеријата, пренесува inc.com.
Сега, бидејќи секој го користи својот телефон различно, процентот на користење на батеријата на неговиот телефон не ни е толку важен, иако доволно е да се каже дека сите други апликации заедно трошат само неколку проценти повеќе од таа една апликација.
Она што без сомнение може да се заклучи е дека Facebook навистина троши многу батерија и не е оптимизиран во оваа смисла, што е изненадувачки, со оглед на тоа дека е најкористен.