АПОКАЛИПСА ВО БРАЗИЛ: Поплавите направиле хаос низ земјата, над 30 лица загинати, хеликоптери трагаат по исчезнатите (ВИДЕО)

Хидроелектрична брана се урнала во јужен Бразил по неколкудневните обилни дождови кои предизвикаа огромни поплави, при што загинале повеќе од 30 луѓе.

Официјални лица велат дека уште 60 лица се водат како исчезнати во државата Рио Гранде до Сул.

Околу 15.000 жители ги напуштиле своите домови од саботата. Најмалку 500.000 луѓе се без струја и чиста вода низ целата земја.

Пуканата брана предизвикала бран од два метри, предизвикувајќи паника и дополнителни штети во веќе поплавените подрачја.

Браната се наоѓа помеѓу општината Котипора и градот Бенто Гонсалвес.

Екстремните временски услови се предизвикани од ретка комбинација на повисоки од просечните температури, висока влажност и силен ветер.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го посети регионот, вети помош од централната влада.

Претходно, гувернерот на државата Едуардо Леите побара итна помош, велејќи дека „треба да спасиме стотици луѓе во десетици општини“.

Распоредени хеликоптери

Во потрага по заглавените и исчезнатите беа распоредени хеликоптери.

Во некои области, поплавите се толку силни што хеликоптерите не можеа да слетаат и мораа да ги евакуираат жителите на безбедно.

Во општина Канделарија, жителите се качија на покривите на своите домови додека нивните куќи се наполнија со вода.

Метеоролозите предвидуваат дополнителен дожд во регионот додека студен фронт се движи низ него.

Минатата година повеќе од 30 луѓе загинаа во циклон во Рио Гранде до Сул.

Бразилскиот Национален институт за метеорологија го припишува зголемениот интензитет и зачестеноста на врнежите на климатскиот феномен Ел Нињо.