Струјата е прекината во делови од регионот, а дел од кантонот се оставени без вода за пиење, според федералниот систем за предупредување Swissalert.
Во Швајцарија, неколку лица се водат како исчезнати во кантонот Тицино на југоисточниот дел на земјата, по лизгањето на земјиштето предизвикано од обилните дождови што од саботата зафатија голем дел од алпската земја, соопшти во неделата полицијата.
Големите бури „предизвикаа лизгање на земјиштето во регионот Фонтана и луѓето беа пријавени за исчезнати“, соопшти полицијата во соопштението за печатот, без дополнителни детали.
Ultim’ora🇨🇭 Ci sono dei dispersi dopo i violenti temporali che hanno colpito nella notte fra sabato e domenica la Vallemaggia (nord del Ticino). Il crollo di un ponte ha isolato le valli Bavona, Lavizzara e di Campo, evacuati i campeggi lungo il fiume Maggia. pic.twitter.com/FDMxyLiNjC
— maurizio canetta 🖤💙 ⭐️ ⭐️ (@mauriziocanetta) June 30, 2024
Спасувачките операции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат тие.
Повикот за евакуација на куќите во близина на реката Меги беше упатен во неделата рано наутро за жителите на Прато-Сорница и долината Магија, каде што се трага по исчезнатите лица.
Патиштата се отсечени, а камповите лоцирани покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција.
Водата го однела мостот и бил блокиран кантоналниот пат.
Paura per le impetuose acque del torrente Tambach a Macugnaga pic.twitter.com/wOld8xLHFF
— News24 vco24 novarese24 altopiemonte24 ossola24 (@News24Piemonte) June 29, 2024
Струјата беше прекината во делови од регионот, а дел од кантонот остана без вода за пиење, според федералниот систем за тревога во Швајцарија.
Голем дел од Швајцарија од саботата попладне доживеа силни грмотевици придружени со многу обилни врнежи од дожд.
Прелевањето на Рона и неговите притоки, надојдени од поројните дождови и топењето на снегот, принуди на евакуација на неколку стотици луѓе и затворање на бројни патишта, според локалните власти во Вале.
Минатиот викенд земјата веќе доживеа силно невреме и исклучителни врнежи, кои однесоа живот на најмалку едно лице, предизвикувајќи значителни штети на југоистокот од земјата.
⛈️ Nouvelle catastrophe à Zermatt en Suisse où des orages diluviens causent des inondations cette nuit, 8 jours après les précédentes. 🌊 (© Manuel Jorge) pic.twitter.com/eYuKmHmZT5
— Météo Express (@MeteoExpress) June 29, 2024