Хрватската ракометна репрезентација синоќа доживеа многу тежок пораз од Египет во борбата за првото место во прелиминарната рунда од натпреварувањето, а херој беше искусниот голман на африканската селекција Мохамед Али.
Хрватска и Египет синоќа во Арена Загреб го одиграа финалниот натпревар од прелиминарното коло на Светското првенство. Иако со по две победи во првите два натпревари од првенството, двете селекции се пласираа во следната рунда, сепак повеќе од важен беше дуелот меѓу Хрватите и Египќаните.
Селекциите се изборија за првото место во групата, пренесувајќи уште два бода во следната фаза и со тоа значително полесен пат до последната рунда од натпреварувањето. Во таа борба Египет сосема заслужено славеше со резултат 28:24 при што направи вистинска сензација сред Загреб.
Најголем херој на оваа африканска селекција беше голманот кој носи познато спортско име. Мохамед Али, голманот на Спортинг Лисабон, брилјираше од првата минута до последната и со своите интервенции ги доведе до лудило шутерите на каубојците.
Голманот од 135 килограми одбрани дури 14 удари на хрватските ракометари и сосема заслужено го доби признанието за најдобар играч на натпреварот.
„Египетскиот недвижен ѕид“ на шега, но и гордо го нарекоа навивачите на оваа селекција која доживува вистинска ракометна револуција и се надева на голем резултат на овогодинешното Светско првенство.
Покрај 14-те одбрани на Али, Египќаните за победата можат да му се заблагодарат и на Јахиа Омар кој постигна шест и на Сеиф Елдераа кој постигна пет гола.