Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, го објави списокот на играчи за претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил, а на него го нема легендарниот фудбалер Лионел Меси, пишуваат медиумите дека причината е повреда на мускулот, но Фудбалскиот сојуз на Аргентина не ги откри причините за отсуството на 37-годишниот напаѓач.
Според пишувањата на медиумите, Меси се здобил со повреда во неделата при победата на неговиот Интер Мајами над Атланта Јунајтед (2:1) во МЛС лигата.
Аргентина, актуелниот светски шампион, води во јужноамериканските квалификации со 25 бода по 12 одиграни натпревари.
Ноќта од петок кон сабота, Аргентина ќе биде домаќин на Уругвај, а ноќта од вторник кон среда е домаќин на Бразил во Буенос Аирес.