Пејачот Зоран Калезиќ во текот на животот еднаш ги откри деталите од ноќта кога беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан и атмосферата во неговиот дом на денот на убиството.
„Кога беше убиен Аркан, Наталија (првата сопруга на Аркан), нивните деца, сопругата Вера и јас заминавме во домот на Жељко. Мајка ми изгуби два сина, двајца од моите браќа. Знам колку е тешко. Се сеќавам на солзите на мајката на Аркан, Славка“, рече Калезиќ.
Во неколку наврати призна дека е присутен во нивните животи, но само како уметник.
„Кога влегов кај Аркан, мајка му плачеше. Се качив кај неа и ја бакнав. А сега, кај нас секогаш се случува некој да е со Цеца, а некој со Наталија. Тоа се некои од нашите балкански приказни кои не беа потребни во тие моменти Наталија беше елегантна кога рече: Не ми кажувај ништо за тоа, се му е простено од мене, ја сакаше оваа жена (Цеца). Такво нешто можеше да каже само голема жена како Наталија во моментот кога таткото на нејзините деца беше мртов“, изјави во една прилика Калезиќ.
Да потсетиме дека Жељко Ражнатовиќ беше убиен на 15 јануари 2000 година, нешто по 17:00 часот, во хотелот Интерконтинентал во Белград. Тој беше погребан на 20 јануари на Новите гробишта во Белград.