По наводите за можно ослободување на Лука Бојовиќ од шпанскиот затвор, се вжештија приказните за познатите „одмаздници“, кои со месеци и години по убиството на Жељко Ражнатовиќ сееја смрт во знак на одмазда.
Членовите на групата која подоцна прерасна во Земунскиот клан безмилосно ги ловеше сите оние за кои знаеја дека се вклучени во атентатот на Ражнатовиќ, командантот на Српската доброволна гарда.
Од друга страна, мистеријата за тајните на Жељко Ражнатовиќ Аркан сè уште трае. Многумина веруваат дека Ражнатовиќ со себе во гробот понел многу тајни кои можеби засекогаш ќе останат непознати за јавноста.
Првата тајна се однесува на готовината, накитот и вредните слики што ги имал, чие место е сè уште непознато.
ФК Обилиќ на Аркан имал 20 милиони марки на сметката во моментот на неговата смрт. Само Аркан имал повеќе од шест милиони марки во својот сеф. Покрај тоа, тој поседувал и вредни слики од Франциско Гоја, Петр Лубарда и Паја Јовановиќ, чие место е исто така непознато.
Друга тајна се однесува на тоа дали се договорил да сведочи во Хашкиот трибунал.
Воислав Шешељ со години тврдеше дека Аркан непосредно пред убиството постигнал договор со хашкото обвинителство дека нема да биде кривично гонет, туку дека ќе сведочи.
Тајна ќе остане и договорот што го имал со тогашниот шеф на полицијата Радован Стојчиќ Баџо. Двајцата соработувале во шверцот и криминалот кој го правеле, а не е исклучено на Баџа да му пречело тоа што на Аркан му се зголемиле апетитите, објавија бројни српски медиуми.
Последната четврта тајна се однесува на неговиот договор со Државната безбедност. Иако никогаш не бил следен, ниту бил на нивната листа, нема дилема дека поради криминалното минато Аркан имал извесен договор со врвот на ДБ. Познати се неговите инциденти со полицијата, за кои никогаш не одговарал.