Високиот командант на Хезболах Џафар Кадер Фаур, наводно одговорен за ракетните напади врз Израел, е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти денеска израелската војска (ИДФ).
Тој наводно бил убиен во напад во Хуаја, во јужен Либан, заедно со командантот на единицата за беспилотни летала на Хезболах во регионалната дивизија, пишува The Times of Israel.
Фаур, според израелската војска, бил командант на ракетната дивизија во регионалната дивизија Наср на Хезболах.
Тој беше одговорен за бројни ракетни напади врз Израел од источниот сектор на јужен Либан, вклучително и смртоносните напади во јули на Мајдал Шамс, во кои загинаа 12 деца и Голанската висорамнина, каде што беа убиени две лица, соопшти ИДФ.