АРМ потврдува дека лицето кое загина во Батинци е припадник на Армијата

Армијата на Република Македонија ја потврди веста за убиството на еден од нејзините припадници во Батинци, Скопје, и изрази сочувство до неговото семејство.

„Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од село Батинци, Скопје, кое почина од повредите здобиени во трагичниот инцидент денес, беше припадник на Армијата. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот.“

За време на трагичниот настан, лицето не било на должност во Армијата, имено било на слободен ден.

На местото на настанот пристигнале јавен обвинител, органи на Министерството за внатрешни работи и Воената полиција кои биле на должност”, велат од АРМ.