АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР КОНЕЧНО ОСЛОБОДЕН – Неверојатно што барале од него да направи пред да го ослободат германските царинарници

Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер (76 г.) претходниот ден беше приведен на аеродромот во Минхен бидејќи не го пријавил скапиот часовник „Audemars Piguet“ на царина, поради што морал да плати казна од 35.000 евра, по што бил пуштен на слобода. 

Според неколку германски веб-портали, царинските службеници пронашле луксузен часовник во куферот на Арнолд Шварценегер, кој пристигнал со лет од Лос Анџелес, а потоа цариниците го одвоиле од страна и го чувале на аеродромот три часа, пишува Bild.

Германскиот весник додава дека Арнолд Шварценегер морал да плати половина од казната во готово, но бидејќи со себе немал 17.500 евра, аеродромските службеници го придружувале до банката за да ги подигне парите, а остатокот го платил со картичка.

Часовникот што тој го носел, „Audemars Piguet“ припаѓа на „големите три“ компании кои произведуваат часовници, со почетна цена по парче од 17.000 долари до 100.000 долари, наведуваат германските медиуми.

На прашањето на Bild, Арнолд Шварценегер рекол дека часовникот го однел на самитот за климата во Кицбил и дека сака да го донира во хуманитарни цели, додавајќи дека цената на часовникот е околу 20.000 евра, но германската царина го проценила на 26.000.

аеродромАрнолд ШварценегерГерманијаМинхенпритворчасовник