Арсенал го собори рекордот во Премиер лигата!
Имено, Вест Хем ја прифати последната понуда на „Топчиите“ за Деклан Рајс, од неверојатни 121 милион евра. Сега останува само двата клуба да се договорат за динамиката на плаќање и да го направат договорот на годината што беше главна тема во Англија претходните денови.
Арсенал долго време има желба за Деклан Рајс, бидејќи тренерот Микел Артета го означи како еден од приоритетите во летниот преоден рок.
Првата понуда од 105 милиони евра не беше прифатена. Голема конкуренција имаше Арсенал од Манчестер Сити, кој сепак се реши за Матео Ковачиќ и со тоа му отвори простор на вицешампионот на Англија да тргне по Деклан Рајс.
Деклан Рајс (24 г,) има договор со Вест Хем до јуни следната година, а во овој клуб пристигна во 2014 година од Челзи.
Минатата сезона одигра 50 натпревари за „Топџиите“ и постигна пет гола.
Арсенал со овој трансфер собори неколку рекорди.
Тие дадоа повеќе пари од Манчестер Сити за Џек Грилиш (117 милиони евра), што ќе отвори бројни дебати.
Вреди ли толку поранешниот играч од средниот ред на Вест Хем ? Времето ќе покаже..