АРСЕНАЛ ГО УНИШТИ ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН – “Топџиите“ го победија Манчестер Сити во големото дерби на Премиер Лигата

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер Сити во дерби натпреварот од 8. коло на Премиер лигата со резултат 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Мартинели во 86. минута

Бразилецот шутираше, топката го погоди Аке во глава, го смени правецот и го измами Едерсон.

Арсенал ја прекина непријатната традиција по 12 последователни порази од „Граѓаните“.

По 8. коло Арсенал е израмнет на првото место со Тотенхем со 20 бодови, а третото место е Манчестер Сити со 18 бодови.

АрсеналМанчестер СитиПремиер Лигафудбал