Мартинели со дресот на Арсенал оваа сезона во Премиер лигата одигра 19 натпревари и постигна 7 погодоци
Англискиот премиерлигаш Арсенал до 2027 година го продолжи договорот на Бразилецот Габриел Мартинели.
Според соопштението на клубот, со 21-годишниот фудбалер е постигнат нов договор до 2027 година.
„Задоволни сме што Габи потпиша нов долгорочен договор“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Мартинели со дресот на Арсенал оваа сезона во Премиер лигата одигра 19 натпревари и постигна 7 погодоци.
Арсенал се наоѓа на челото на табелата во Премиер лигата со 50 бода, а на второто место е Манчестер сити со 5 бода помалку.