Арсенал му плати 70 милиони евра, а тој импресионираше со својата скромност: Носи часовник од 23 евра

Додека светските фудбалски ѕвезди се натпреваруваат кој ќе го носи најскапиот часовник или ќе го вози најскапиот автомобил, најголемото засилување на Арсенал импресионираше со својата скромност.

Еберечи Езе го замени дресот на Кристал Палас со оној на Арсенал ова лето за неверојатни 70 милиони евра. Од репрезентативецот на Англија се очекува многу во овој клуб.

Крилниот напаѓач го достигна најголемиот момент во својата кариера, а на неговата презентација на стадионот „Емирати“, тој импресионираше со својата скромност одразена во еден едноставен избор.

За разлика од неговите колеги фудбалери, кои се натпреваруваат во носење скапи часовници, Езе го дочека најголемиот ден во својата кариера носејќи часовник Касио.

Станува збор за модел кој чини 20 фунти, односно 23 евра.

Во исто време, Маркус Рашфорд се појави на презентацијата во Барселона со часовник „Патек Филип“, а истото го направи и Трент Александар-Арнолд на презентацијата во Реал Мадрид.

За разлика од нив, Езе носеше зелен часовник Casio Classic Analogue. Не е часовник од ограничено издание, туку стандарден што можете да го купите каде било и чини 23 евра.