Топџиите беа поразени од Нотингем и со тоа на Граѓаните им донесе нова титула во витрините
Арсенал беше поразен од Нотингем Форест во 37. коло од англиската Премиер лига.
„Топчиите“ загубија со 1:0 на гости и со тоа Манчестер Сити стана ново-стар шампион на Англија.
Решавачкиот момент се случи во 19. минута кога Таиво Авонији ја погоди мрежата на Арсенал. До крајот не успеаја да го вратат резултатот, па титулата остана во Манчестер.
За Манчестер Сити тоа е трета титула на шампионот на Англија во низа или седма во последните 12 години.
Оваа сезона Сити ќе има можност да ја освои тројната круна бидејќи ќе игра во финалето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Јунајтед, а во финалето од Лигата на шампионите против Интер.
Следниот натпревар на Сити во Премиер лигата го игра против Челзи на стадионот „Етихад“.