Арсовска го разреши и директорот на ,,Дрисла”

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска разреши уште еден директор, Александар Кузинаков од ЈП „Дрисла“.

Како што велат од Град Скопје, Кузинаков е разрешен поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.

-За неговото работење до Градот Скопје пристигнати се бројни пријави со индиции за злоупотреба и пречекорување на овластувањата за што Градот Скопје веќе најави ад хок ревизија. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје, се наведува во соопштението од Град Скопје.