Завршени се голем дел од експропријациите во Аеродром, на крај е проектната документација за улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Ова меѓу другото, го истакна градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
„Завршивме голем дел од објектите во Аеродром што беа за експроприирање. Меѓутоа проблемот е што таму, имотно – правните односи не се само во делот на експроприирањето, има и голем број на имотно – правни спорови што се меѓу роднини, пријатели и слично, што се во постапка, во судски процедури и за нив исто така се надеваме дека во најкраток можен рок ќе бидат завршени. Она што е важно од наша страна е дека во изминатата година, веќе скоро повеќе од седумдесетина проценти од тоа што беше затекнато нереализирано, е завршено, инаку голем дел од тие 275 објекти беа нереализирани или неекспроприирани. Останатите 30 проценти се надеваме дека годинава ќе успееме да ги завршиме. Нормално, доколку имаме успех со судските постапки што граѓаните таму ги имаат меѓусебно“, појасни таа.
Арсовска беше прашана и за „Цветан Димов“ во Чаир.
„На мое големо задоволство, веќе е на крај проектната документација и тоа што е важно за таму е една визуелизација и проектот како таков ќе го презентираме за отприлика една недела, заедно со градоначалникот на општината Чаир“, посочи таа, нагласувајќи дека станува збор за капитален проект, ветуван многу години и оти граѓаните таму заслужуваат достоинствено решение со кое што ќе бидат горди, затоа што им е неопходно