Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да се кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по испораката на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека состојбата во државата е крајно нестабилна и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокирање.
„Би сакал да им посакам барем еднаш да покажат и докажат на граѓаните дека ќе можат да го спроведат тоа што го кажуваат за да имаат поддршка на следните избори. Кога се кандидирав за градоначалник имав поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, која за жал не продолжи.
Суетите се преголеми за да му овозможат на некој да работи без да му каже што да прави и како да го прави тоа. Благодарам, но никогаш не би сакала да работам со такви луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат, рече Арсовска.
Прашана дали кампањата за локалните избори започна со последните случувања со ЈСП, Арсовска рече дека нема да навлегува во политичките агенди, но дека граѓаните се прилично патентни и ќе можат да проценат кои се тие што можеле да решат проблемот со јавниот превоз во последните три години.