Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повторно смени директор на јавно претпријатие, на осум месеци пред изборите. „Дрисла“ сега ќе го управува Самир Хуесини, дознава „Скопје1“ од свои извори. Лицето е непознато за јавноста, а Град Скопје втора недела молчи кој е човекот и која е неговата биографија.
Хусеини е четврта среќа на Арсовска во ова претпријатие. Пред тоа, го раководеа Јане Мицевски кој по кавгата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска, беше разрешен. На негово место дојде Александар Кузинаков кој издржа и најдолго на позицијата, речиси две години. Директорувањето го презема Ненад Јосевски во август 2024, а неговата функција заврши со истекот на шестиот месец, по што е сменет.