Нова алтернатива функционира и се консолидира, а носителите на изборните единици ќе ги објавиме наскоро. Засега се состануваме и разговараме за најгорливите прашања што ги засегаат граѓаните. Од тоа што разговараме со граѓаните гледаме дека се разочарани од ова што се случува во последните триесет години, вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Ние не правиме анкети, ги слушаме грашаните надвор. Тоа е најискрено и најчесно и се добива вистинско сознание за состојбата. Тоа го знаеме и од тоа што отворивме телефонски број за граѓаните за поплаки. Има над десет илјади. Не е лесно да се слушаат критики, ама ако не се слушаат нема да се најдат решенија, – вели Арсовска.
Партијата Нова алтернарива ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат граѓаните на самата партија откако ќе се проценат позитивните и негативните страни.
– Сакаме да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти. Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест. Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат, вели Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Инаку, во ИЕ 1 носители на листи меѓу другите се Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев.