„Невозможно е Никола Груевски да се врати слободен во Северна Македонија, бидејќи влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер кој избега и доби азил во Унгарија, е многу мало“, порача првиот вицепремиер Артан Груби за телевизија Клан.
„Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“, вели Артан Груби.
Тој се осврна и на прашањето за промена на Уставот. Истакна дека во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски би гласала за уставните измени, тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда ќе поднесат оставка.
„Од прв до последен, во секунда даваат оставки и ние се повлекуваме во моментот кога ВМРО ќе притисне зелено копче за уставни измени. И, можеме веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори или да ги оставиме да владеат 6,7,8 месеци, колку сакаат, до следните избори и да ги избркаат Албанците од влада. Се виде дека тоа е прашањето“, порача Артан Груби.