„Потпишувањето на Охридскиот мировен договор пред 22 години отвори ново поглавје за развојот на земјата, поставувајќи ги темелите на мирот и внатрешната кохезија, еднаквост и консензуална демократија. Над скептицизмот, мајоризацијата, постојаните тенденции на девалвација на неговите мирољубиви цели, триумфираше цврстата волја да се урнат бариерите на предрасудите и дискриминацијата, волјата да ја изградиме иднината заедно преку почитување на меѓусебните идентитетски вредности“, напиша на својот Фејсбук профил првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Според него, влијанието што овој мировен договор го имаше врз развојот на земјата во текот на изминатите две децении е неспорно и јасно видливо во однос на внатрешната демократска консолидација, интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата, „достигнувања околу кои овој договор не соедини“.
„Храброста на лидерите од 2001 година да преземат тешки, но визионерски одлуки треба да ни послужи како пример и денес за да го продолжиме европскиот пат на земјата“, наведува Артан Груби