Асма ал Асад наводно е тешко болна од леукемија. Таа веќе некое време живее во изолација, а лекарите и’ даваат 50 отсто шанси за преживување, пишува The Telegraph.
Сопругата на соборениот сириски диктатор Башар ал-Асад се држи подалеку од другите за да се спречи инфекцијата и не може да биде во иста просторија со никој друг.
Нејзиниот татко Фаваз Ахрас се грижел за својата ќерка во Москва, а извори блиски до нејзиното семејство велат дека нејзиниот татко бил со скршено срце.
Асад и неговата сопруга побараа азил во Москва откако неговиот брутален режим ја загуби власта по 13 години разорна граѓанска војна.
Претседателството на Сирија во мај годинава објави дека на тогашната прва дама и’ била дијагностицирана акутна миелоидна леукемија, агресивен рак на коскената срцевина и крвта.
Таа, исто така, претходно се лекуваше од рак на дојка и во август 2019 година објави дека болеста е во целосна ремисија по една година лекување.
Британски Телеграф пишува дека леукемијата и се вратила по период на ремисија.
„Асма умира. Таа не може да биде во иста соба со никого“, рече еден извор кој беше во директен контакт со претставник на семејството во последните недели.
Друг извор, кој бил во контакт со семејството во Москва, вели дека е многу опасно кога ќе се врати леукемијата.
Британските медиуми јавуваат дека Асма заминала на лекување во Москва пред нејзиниот сопруг Башад да побегне во Русија и да побара азил.
Нејзиниот татко, истакнат кардиолог од Харли Стрит, се грижеше за неа во последните шест месеци, прво во Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и во Москва.
Откритието доаѓа по информациите дека таа е уморна од ограничувањата што и’ се ставени во Москва и дека бара лекување во Лондон и сака развод.
Семејството Асад не ги коментираа медиумските извештаи, иако Кремљ подоцна негираше дека таа сака да се разведе од сопругот.