Одредени хороскопски знаци се познати по својата грижлива и заштитничка природа, што ги прави најдобри татковци, тврдат астролозите.
За Раковите семејството е на прво место. Тие ќе направат се за да ги задржат своите деца безбедни и среќни. Тие се многу емотивни и интуитивни, што значи дека умеат навреме да препознаат што му треба на детето во секој момент.
Секогаш можете да се потпрете на Бикот. Своите обврски ги сфаќаат сериозно и ги исполнуваат навреме. Тие се исто така трпеливи и секогаш ќе најдат време добро да се посветат на своите деца.
Девиците се добро организирани кога станува збор за родителството и секогаш ќе прават повеќе отколку што е потребно за успехот на нивните деца. Татковците Девици се одлични учители и ги поттикнуваат најмалите во се.
Јарците се исклучително заштитнички. Тие се родени лидери и се добар пример за децата. Тие ги поттикнуваат своите наследници да бидат силни и одлучни во секој сегмент од животот.
Татковците родени во знакот Риби се многу поврзани со своите деца и секогаш ќе бидат нивна поддршка. Со оглед на тоа дека се креативни, тие секогаш смислуваат нови начини како да ги расположат најмалите и на тој начин да создаваат спомени за цел живот.