Астронаути заробени во вселената 10 месеци; Враќањето – повторно одложено

Мисијата за враќање на двајца американски астронаути кои беа оставени во вселената повторно е одложена, објави во средата американската вселенска агенција НАСА.

Двајца членови на екипажот на Starliner, Буч Вилмор и Сунита Вилијамс , се на Меѓународната вселенска станица (ISS) од јуни, иако требаше да останат само една недела.

НАСА и SpaceX  го откажаа обидот да го лансираат вселенското летало Crew Dragon 10 до ISS поради технички проблем во последен момент.

Екипаж 10, вклучувајќи ги астронаутите на НАСА, Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување, Такуја Ониши и космонаутот на Роскосмос, Кирил Песков, ќе го заменат екипажот 9 кога ќе пристигнат на ISS.

НАСА објави дека екипажот 9, со астронаутите на НАСА Ник Хејг, Вилијамс и Вилмор, заедно со космонаутот на Роскосмос Александар Горбунов, ќе ја напушти вселенската станица најдоцна до 17 март, во зависност од временските услови на брегот на Флорида.

Вилијамс и Вилмор пристигнаа на ISS на почетокот на јуни на првиот пробен лет на вселенското летало Старлајнер со екипаж на Боинг. Тие требаше да останат на ISS само една недела, но таму останаа поради бројни технички проблеми со леталото.

Старлајнер е делумно еднократно вселенско летало кое се состои од капсула на екипажот висока три метри и сервисен модул. За разлика од возилото Crew Dragon, изградено од SpaceX на Илон Маск, Starliner не слетува на вода, туку на суво.