Челниците на Ал Итихад се подготвени да му понудат на Ливерпул 150 милиони евра за египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах.
Мохамед Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а челниците на Ливерпул постојано негираа дека планираат да го продадат египетскиот напаѓач.
CBS Sports тврди дека управата на Ал Итихад си поставила главна цел до крајот на преодниот рок, односно до 20. септември да го ангажира египетскиот репрезентативец.
Извори блиски до преговорите наведуваат дека Ал Итихад на Ливерпул би му платил загарантирана отштета од 100 милиони евра, а англискиот клуб преку бонуси би можел да добие уште 50 милиони.
Мохамед Салах (31 г.) пристигна во Ливерпул во 2017 година од Рома. За англискиот клуб одигра 307 натпревари и постигна 187 години.