Припадникот на Земунскиот клан Сретко Калиниќ (49) го кажал судбоносното „да“ на Ј.М.(27).
Најпознатиот член на Земунскиот клан Сретко Калиниќ (49) вчера го кажа судбоносното „да“ на младата белграѓанка Ј.М.(27) која реши да го задржи презимето. Двајцата се венчаа во затворот „Забела“ во Пожаревац, во присуство на градскиот матичар и кумовите, но под будното око на чуварот на Седмиот павилјон, каде Калиниќ издржува затворска казна од 40 години.
Венчавката ја фотографираше официјалниот фотограф на КПЗ „Забела“, а младенците по церемонијата добија право на љубовна соба. Калиниќ го избра Ненад Бујошевиќ Рамбо (53), поранешен член на ЈСО, кој 22 години е во самица бидејќи судот по петти пат му го одби барањето за условно ослободување. Невестата дошла во друштво на својот пријател кој го избрала за кум. Затворските чувари дискретно ја следеле целата церемонија и се погрижиле се да помине во најдобар ред бидејќи Калиниќ е еден од најдобро чуваните затвореници во Седмиот павилјон на „Забела“ во Пожаревац, каде ја издржува максималната затворска казна за делата на Земунскиот клан.
Сретко Калиниќ во телефонски разговор за Ало вели дека јавноста наскоро ќе биде поинформирана за новото поглавје во неговиот живот бидејќи веќе почнал да ја пишува својата автобиографија. Сè што е поврзано со мојот брак ќе биде во книгата“, накратко изјави Калиниќ, кој во својата прва книга „Земунскиот клан – кој е кој“ реши целосно да ја разобличи оваа група и за првпат да и открие на јавноста кои луѓе на најмоќните мафијашки организации се на Балканот и кој беше под закрила на тогашната власт.
Белграѓанката која се омажи за Калиниќ накратко изјави дека не сака да се експонира. „ Возбудена сум после се. Ова е голем предизвик, но ние двајца одлично се согласуваме и се разбираме “, изјавила девојката на која овој брак и е прв . Калиниќ 13 години е во самица на Седмиот павилјон „Зебеле“. Во својата прва книга „Земунскиот клан – кој е кој“, тој тврди дека 80 проценти од бандата била под команда на Душан Спасојевиќ, познат како Дуч и Миле Луковиќ, познат како Кум, и дека тие се одговорни за распадот на овој клан. На корицата на книгата е познатата потерница на МУП, која беше издадена за членовите на Земунскиот клан на 12 март 2003 година, веднаш по атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ , а Калиниќ напишал во своја рака над фотографиите од кланот членови кои биле предавниците.