Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фиц е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, пишува словачкиот портал SME.
Полициски извор ја потврдил оваа информација за SME. Инаку, Цинтула е основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачките писатели.
Фицо беше застрелан по владината седница во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој итно бил префрлен во болница со хеликоптер и, според словачките медиуми, неговата состојба е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.