Атентат во Киев: Застрелан познат дисидент, непосредно пред нападот насилно го навредувал претседателот, а потоа напаѓачот му испукал куршум во главата

Познатиот казахстански опозиционер Аидос Садиков се бори за живот откако денес беше застрелан во Киев!

Украинскиот портал Страна наведува дека атентаторот одзади му пришол на Садиков, кој со сопругата се движел кон автомобилот, а потоа со пригушувачки пиштол му пукал во главата. Наталија Садикова не е повредена.

На местото на атентатот дојде и Андриј Небитов, заменик-шеф на украинската полиција .

Садиков од 2014 година живее во Украина, каде што доби статус на бегалец.

Опозиционерот на својот канал на Јутјуб редовно објавува видеа во кои ги критикува казахстанските власти. Тој, исто така, ги поддржа протестите што го зафатија Казахстан во 2022 година, кога трупите на ОДКБ мораа да интервенираат за да ги смират немирите. Во октомври 2023 година, властите го ставија на листа на барани лица во Казахстан.

Садиков го објави последното видео неколку часа по атентатот, во кое лидерот на Казахстан Касим Зомарт Токаев го нарекува руска марионета.

-Утрово објавивме видео дека Токаев е марионета на Путин и веднаш имаше обид за атентат – изјави неговата Наталија за Страна и додаде дека Садиков постојано добивал закани.

Украинската служба за државна безбедност, да потсетиме, неодамна објави дека фатила руски агенти во гардата кои планирале да го киднапираат и убијат претседателот Володимир Зеленски и други високи владини функционери.