Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа нерешено со конечен резлутат од 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на најелитното фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите.
Голот за Реал Мадрид го постигна Винисиус во 36. минута, а додека голот за Манчестер Сити го постигна Кевин Де Брујн во 68. минута
Манчестер Сити многу подобро влезе во натпреварот, Реал Мадрид буквално во првите 15. минути не можеше да ја помине половина од гостинскиот дел на теренот. Тибо Куртоа во неколку наврати одлично интервенираше и го спречи Манчестер Сити да дојде во водство.
Како што одминуваше времето, Реал Мадрид беше се поопасен во контранападот и на неколку наврати создаде одлични шанси за погодок, но сепак без реализација. Таквата игра сепак вроди со плод со одличниот гол на Виниус во 36. минута. Едуардо Камавинга одигра двојно додавање со Лука Модриќ, по што го проиграа Винисиус, кој со одличен удар од 18 метри им донесе предност на домашните.
Во второто полувреме меѓусебно отворено играа двете страни.
Кога се чинеше дека Реал Мадрид е поблиску до втор гол, следеше проектилот на Кевин Де Брујн во 68. минута и израмни.
Кевин Де Брујн, кој по асистенција на Илкај Гундоган од прва шутираше неодбранливо и од околу 20 метри ја погоди мрежата на домашните.
Реал Мадрид напаѓаше до крајот на натпреварот, сакаше да победи, но гостите даваа отпор.
Реваншот е закажан за 17. мај во Манчестер.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Милан и Интер, утре (среда) со почеток до 21:00 часот на „Сан Сиро“.