Младата и атрактивна српска пејачка, Теодора Џехверовиќ, наводно е во неволја поради поранешен соработник кој тврди дека ги поседува нејзините експлицитни видео-снимки.
Пејачката Теодора Џехверовиќ наводно е жртва на уцена од поранешна колешка која и се заканува дека ќе објави нејзино експлицитно видео за да и се одмазди, пишуваат српските таблоиди.
Истото лице кое и се заканува на младата пејачка на социјалните мрежи објави аудио снимка која веќе неколку дена кружи на Интернет на која се слуша гласот на пејачката при сексуален однос.
„Поранешната колешка на Теодора поседува и видео од акцијата, кое го објави како аудио на социјалната мрежа ТикТок. Откако слушнала и видела дека аудио верзијата се шири на Интернет, е под голем стрес. Затоа не се огласила досега иако многу медиуми ја повикаа за коментар за ова видео кое за неколку часа стана вирално на ТикТок и Твитер. Сите се убедени дека е автентично и дека на него се слуша Теодора. Мислела дека ќе помине, но кога дознала кој стоеше зад тоа, и стана јасно дека нема да заврши тука“, вели неименуван извор запознаен со случката за српскиот весник Курир и продолжи:
„Тоа е еден од нејзините огорчени поранешни соработници кој не сака пари, туку сака да и се одмазди затоа што не била коректна за време на нивната соработка. Никој не знае дали ќе го направи тоа и кога. Иако таа се обидува да го прикрие, многу е веројатно дека за инает наскоро ќе ги објави тие снимки, што ќе биде голем проблем за Теодора“.
Теодора Џехверовиќ неодамна се најде во центарот на вниманието поради раскинувањето на долгогодишната врска со Нино Челебиќ, како и нејзините појавувања на натпреварите на Партизан и Црвена Ѕвезда. Иако Теодора беше поврзувана со кошаркари, таа ги демантираше овие наводи:
„Отсекогаш сум навивала за Партизан, мојот брат и татко ми навиваат за тој клуб и потоа се заљубив и јас во него. Повеќе ја сакам кошарката отколку фудбалот. Не смеам да ви откријам кој кошаркар ми е омилен, бидејќи веднаш ќе ме поврзете со него, и нема потреба од тоа“, изјави тогаш пејачката за соседните медиуми.