Во разорните земјотреси кои го погодија југот на Туркије на 6 февруари досега загинаа 40.689 граѓани.
Јунус Сезер, претседателот на Управата за справување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) ги сподели најновите информации во врска со смртно страданите во земјотресот.
„Во земјотресите на југот на Туркије досега загинаа 40.689 лица“, рече Сезер.
Тој потвтди дека се завршуваат акциите на спасување со исклучок во некои делови.
„Акциите на пребарување и спасување по земјотресите на југот на Туркије се завршени освен во Кахриманмараш и Хатај“, поврди Сезер.
TRT Balkan / агенции