Ректорот на Универзитетот во Бања Лука, Радослав Гајанин, донесе решение за отказ на асистентот кој беше фатен со студентка.
Асистентот се најде под полициски контроли откако во јавноста се појави информација дека е жртва на физички напад, откако сопругата го фатила како ја изневерува со студентка.
Целиот скандал започна откако сопругата дошла на факултет и го фатила сопругот како ја изневерува.
Наводно, сопругата на асистентот влегла во канцеларијата, снимила видео и го објавила на социјалните мрежи, а видеото го препратила до сите редакции.
После тоа физички го нападнала сопругот. На фотографиите се гледа скршено стакло, а на некои делови има крв, пишува Радио Сараево.
Од полицијата соопштија дека нападот не бил пријавен, но оти биле извршени одредени проверки.
Во соопштението се нагласува дека Универзитетот во Бања Лука уште еднаш најостро осудува секаков облик на неакадемско и непрофесионално однесување на сите вработени и ги повикува сите кои имаат сознанија за каква било форма на недолично однесување да пријават до управата на факултетот.