Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека започнала итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедните коцки супа од Хрватска.
Како што нагласуваат од АХВ во своето соопштение, станува збор за говедски коцки за производство на супа „Подравка“ од серијата 0207241, со рок на траење до 05.07.2025 година, а пилешки коцки серија 0307241 со рок на траење од 3 јули од 2025 година.
Земја на известување е Република Хрватска, каде што споменатите производи се повлечени од пазарот.
Ги повикуваме потрошувачите кои ги набавиле споменатите производи со овие сериски броеви да не ги користат или да ги вратат на местото каде што ги купиле или да ги отстранат без оштетување“, потенцираат од АУВ.