Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва пред граѓаните во Куманово порача дека ако ги изгуби изборите, ќе се повлече од политиката и ќе си оди дома.

„Слушнав, бараат кај нотар да сум потпишал, дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе се повлечам од политиката и ќе си одам дома“, вели Ахмети.

Тој упати и порака до Вреди за тоа колку побрзо ја напуштат Владата, толку подобро ќе биде за нив, за нивните семејства.

„Тие се црна страница за Албанците“, вели Ахмети.