Ахмети: Проевропскиот фронт е историска шанса за новите генерации, да не го испуштиме моментот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат во општина Теарце. Покрај претседателот Ахмети пред присутните свое обраќање имаа и првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши, заменик министерот за правда Агим Нухиу, директорот Шабан Мехмети, како и првиот човек на огранокот на ДУИ во Теарце и градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири.

 Али Ахмети – претседател на ДУИ

 Поминаа неколку недели откако остварувам средби со граѓани, бидејќи пандемијата ни ги имаше оневозможено нашите традиционални средби. Артан рече дека има многу заплашувања во овие многу важни геостратешки ситуации и ДУИ континуирано била активна во важни процеси, но секогаш имало спротивставени сили кои навестувале дека оваа земја ќе се продаде, ќе станете Албанија. Ги знам овие зборовувања и овие претпоставки. Ние не сме ничија патерица, но денес со СДСМ како што владеевме и со ВМРО сме одговорни за важна работа. Се реши проблемот со спорот со името со Грција, со Бугарија.  Јас не го навредив Мицкоски, туку само дадов изјава дека тој војната ја гледал само на телевизија, го повикав да биде дел од мировниот проевропски фронт  за подобра иднина на оваа земја. Оваа мисија за подобар живот можеме да ја направиме само со обединување во ЕУ. Јас припаѓам на генерацијата на тортура за слободна мисла, но веќе денес имаме слободна мисла,  денес ни треба квалитативна мисла, за обединување, помирување и да го направиме најдоброто. Ова е мисија, историски момент, бидејќи со приклучувањето на овој фронт и служиме на иднината, така што јас, Талат и другите знаеме дека иднината им припаѓа на младите, затоа ги поддржуваме младите генерации. Ова е реалноста, ни треба единство. Дваесет години инвестирам Албанците да се обединат и заедно да ги броиме достигнувањата затоа што доброто си го заработивме со крв и пот, никој не ни го даде како подарок. Не треба да ја бараме вината во другите туку во самите нас, затоа не потпаѓајте во замката на поделбите, не исполнувајте ги желбите на нашите непријатели. Јас сум за ветинг, бидејќи со влезот во ЕУ ќе ставиме крај на сите лоши работи, почнувајќи од миграцијата до квалитетот на животот со подобри стандарди. Оставете го минатото, но обединете се и засилете се. Денес е време на модернизација, да им дадеме приоритет на заслужните, затоа што денес напредува квалитетот. Во Европа се влегува квалитетно!, рече Ахмети.

Артан Груби – прв вицепремиер

 Почитувани граѓани, вие сте поддржувачи на духот на Ахмети. Ахметистички феномен, кој дваесет и две  години по ред победува и во војна и во мир и во избори, дух кој цело време се бори за слобода и еднаквост и кој ни донесе мир и еднаквост. Донесе правична застапеност, знаме, јазик, универзитет, претседател на Собранието Албанец, пратеници, министри, директори, судии и експерти. Еди Рама ми рече, го слушнав Али Ахмети после петнаесет години и рече алал да му е! ДУИ низ годините си ја заврши работата, ништо не почна ниту со Артан Груби, ниту со  било кој од нас, но ние ја продолживме работата што ја започнаа други. Поддржавме и обезбедивме средства за многу проекти за добробит на Албанците. Јас бев пратеник, а Бујар и Висар не зборуваа, посредував во разговорите и обезбедивме 2 милиони евра за јаслите во градинката во Чаир. Од целата оваа работа што ја работиме, се појавуваат  некои групи со влажен барут, а некои со топови играчки кои се злоупотребувачи, но ние сме Ахметистичка група, група на Али Ахмети, која ја продолжува неговата неколку децениската работа. Група која се бори против омраза, корупција, злоупотреби, против проруски, изолационистички, анти-НАТО, анти-ЕУ политики затоа придружете му се на Али Ахмети. Не им верувајте на оние кои ве плашат, туку на оние кои работат. Не се живее во страв, бидејќи ние остануваме во регресија додека другите одат напред. Се направи Охридскиот договор,  станавме членка на НАТО, сега ни е потребно членство во ЕУ за да се запре миграцијата, да се подобрат условите за живот на нашите граѓани. Ние сме Ахметисти, па дојдете и придружете ни се!, нагласи Груби.

 Крешник Бектеши – министер за економија

 Она што го кажа Агим, ќе продолжам со само неколку податоци, за пандемијата, енергетската криза која успешно се менаџира, реализиравме многу проекти, а со тоа не добивме лична заслуга, бидејќи визијата на Али Ахмети е да ја спроведе програмата на ДУИ не со персонализирање на проектите тука во служба на граѓаните затоа што тие тоа го  заслужуваат. Секој проект што го спроведуваат централните институции го има печатот на граѓаните во нашата земја, но и поддршката на г. Груби. Ова го кажувам затоа што секојдневно јас и моите колеги министри сме во координација со  првиот потпретседател на Владата, Груби. Не треба да правиме нешто за некој утре да ни должи, туку да реализираме проекти кои се дел од платформата на ДУИ, бидејќи нашата работа е одговорност. Не верувајте кога велат дека јас или некој друг ќе ја завршиме работата, верувајте на Али Ахмети и неговите идеи, бидејќи само така ќе победите денес и во иднина, објасни Бектеши.

Шабан Мемети – директор на ЈЗУ

 Разговорите со граѓаните се традиционална практика на ДУИ, која беше прекината поради пандемијата одреден период. Охридскиот договор, универзитетите, јазикот, застапеноста и многу други дела го носат печатот на Али Ахмети. Канализација и водовод, изградба на училишта, спортски терени, се дел од проектите што ДУИ ги реализираше во нашата општина, па сега ни треба поддршка и заеднички вредности кон нашето патување кон Европската Унија, оцени Мемети.

Ајше Селмани – Претседател на Унијата на жени, огранок Теарце

Политичките случувања во земјава одат во вистинска насока. На пат сме кон членство во ЕУ. Секако дека ЕУ работи за подобар стандард за сите, затоа мора да ги исполниме критериумите и да работиме напорно кон реализација на овие цели. Жените се силен столб и во западниот свет, па нашите мајки и баби се тие кои несебично граделе и воспитувале цели генерации. Мајките се животворници, но и мотивација за помладите генерации, така што денес имаме возвишен модел на Албанката која се занимава со работа и се бори со предрасудите. По војната во 2001 година, фигурата на Албанката се зацврсти и токму ДУИ и Али Ахмети ги унапредија Албанките во земјава, почнувајќи од првата пратеничка Албанка во Собранието на Македонија. Албанките денеска водат со државни функции какви што досега не сме виделе. Затоа, на нашите жени треба да им се даде вистинската порака, дека раката што ја лула лулката знае да води и држави. Од жената започнува животот и се гради подобро општество и на тој начин со здружување сите ги зајакнуваме евроатлантските вредности, подвлече Селмани.

 Нухи Незири – градоначалник на општина Теарце

Свесни за предизвиците и стратешката определба кон барањата на граѓаните, се соочивме со многу предизвици, како што се економската и енергетската криза, но успеавме подобро да се справиме со сите овие пречки. Остваривме капитални проекти, како дневни центри за деца, рекреативни места, реновиравме многу училишта, сали, патна и канализациона инфраструктура, изградивме затворен систем за наводнување на земјоделско земјиште, филтрациона станица за вода за пиење, ги асфалтиравме и цементиравме сите населени места, како и многу други активности поддржани од сите вицепремиерот, министри и директори. Им благодариме и на нашите партнери кои ни помогнаа и соработуваа со нас. Одржавме и внатрепартиски избори на кои на важни функции избравме млади генерации кои се дел од структурата на ДУИ, рече Нухиу.

 Бесник Османи – претседател на Советот на општина Теарце

Добре дојдовте во бастионот на ДУИ, кој не знае пораз од 2002 година. Кога бев дете гледајќи сцени од војната во Косово, разбрав дека сме во состојба во која можеби некој не не сака. Во 2001 година сфатив дека слободата не се добива со два палци нагоре, туку само со еден прст. Кога се појави Али Ахмети, го убивме стравот и подигнавме надеж за Албанците во Македонија. ДУИ на својот дваесет годишен пат еволуираше многу. Еден од главните столбови на ДУИ е младоста, соодветната застапеност на секое поле. На локалните избори во  2021 година ми ја дадовте довербата да водам со Советот на  општина Теарце, затоа им благодарам на жителите и соработниците за заедничката работа. Во текот на 2022 година извршивме многу работи одобрени од советот, а го формиравме и младинскиот совет. Веќе ни е потребна изградба на Дом на културата во нашата општина, со услови и мултифункционални простори, затоа очекувам ваша поддршка за овој проект. Мотото на ДУИ отсекогаш било „Заедно“, затоа мора да бидеме обединети и заедно да одиме напред кон ЕУ, нагласи Османи.

 Јилдрита Салихи – секретар на огранокот на ДУИ во Теарце

 Отсекогаш сум се трудела да го насочам мојот потенцијал кон вистинските каузи, денес го насочувам кон проевропската кауза. ДУИ е таа што низ годините го направи најдоброто и покрај тоа што понекогаш беше тешко. Да ја направиме оваа земја подобра и попогодна за живеење за сите, некој се  бореше и се жртвуваше за слободат, а  тоа го направи нашиот лидер Али Ахмети. Ви благодариме жени од ДУИ, вие сте најсилното едро на нашиот брод. Работата мора да ја завршиме сите заедно, со убедување ви кажувам дека ДУИ била и останува едно, објасни Салихи.