Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска се сретна со министрите за надворешни работи на Австрија, г. Александар Шаленберг, од Чешка, г. Јан Липавски и Словачка, г. Мирослав Влачовски, во рамките на нивната официјална посета на нашата земја.
Централна тема на разговор на оваа средба беше европското патување на земјата, важноста и неопходноста од одобрување на уставните измени, текот на скрининг-процесот, предизвиците за реформирање на земјата во европски дух и важноста од одржување на локалната и регионалната стабилност.
Шефот на ДУИ, Али Ахмети, ги информираше дипломатите на земјите членки на Европската унија за посветеноста и планот на владината коалиција да го трасира безбедниот пат кон хоризонтот на Европа, на иницијатива за создавање силен европски фронт кој ќе успешно да го води виталниот процес на одобрување уставни измени кои не треба да се сфаќаат само како услов за деблокирање на европскиот пат, туку и како механизам за зајакнување на демократските капацитети на земјата.
Ахмети истакна дека земјата има прогресивни сили кои се грижат за одржување на проевропската ориентација на земјата, посветени на финализирање на процесот на скрининг, таргетирање на клучните точки на реформско дејствување во европски дух и ставање на располагање на сите институционални капацитети за успешно надминување на предизвиците кои произлегуваат од отворањето на преговарачките поглавја.
Тој изрази благодарност за досегашната поддршка од сите земји-членки на Европа за сите досегашни достигнувања на земјата, барајќи од нив дополнително да ја продлабочат таа поддршка во виталните моменти за европската иднина на земјата.
Локалната, регионалната и континенталната европска стабилност е примарен приоритет што може да се гарантира само преку европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Овој пат не треба да биде загрозен и европската иднина на граѓаните да не биде заложник на тесни субјективни интереси.